Учество во проектот: Учител-професија која ги создава сите други професии

Во рамки на проектот : „ Учител-професија која ги создава сите други професии“ беше одржана интерактивна работилница на која беа присутни учениците од III-2 одделение. Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица-Крива Паланка ги запозна учениците со професијата пожарникар, работните задачи, одговорности, потребните квалификации, вештини што треба да ги поседува секој пожарникар како и предизвиците со кои се соочуваат во нивната работа. Учениците научија дека оваа професија е многу важна и одговорна. Пожарникарите се луѓе со голема храброст, љубов и емпатија кон сите на кои им е потребна нивната помош.

Во позитивна атмосфера учениците се запознаа со многу нови поими од оваа професија и добија корисни совети за безбедноста од пожари и мерките за заштита и нивно спречување . Учениците поставуваа многу интересни прашања на кои добија соодветен професионален одговор.

На крајот заклучија дека професијата пожарникар, кога се извршува со љубов и посветеност, не само што придонесува за безбедноста и доброто на луѓето, туку има и голема морална вредност.

Наставници: Јагода Ангеловска и Лариса Жулина- Митовски

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started