Прва награда со максимални 100 бодови за Меглена Георгиева

На ден 04.04.2024 година се одржа  регионален натпревар  за учениците во основното музичко образование, организиран од страна на Здружението на музички и балетски педагози на РСМ.

На натпреварот по предметот пијано од нашето училиште учествуваше ученичка од V одделение Меглена Георгиева од класата на професор Лариса Жулина-Митовски.

На регионалниот натпревар Меглена Георгиева освои прва награда, со максимални 100 бодови и продолжува на државниот натпревар, кој ќе се одржи на 25 април 2024 година во Битола.

 На Меглена и посакуваме голем успех на државниот натпревар!

Програмите за натпреварот за основно музичко образование за 2024 година се објавени на следниот линк.

Правилата за одржување на натпреварот се објавени во Правилникот за организирање на општински, регионален и државен натпревар на учениците во основното музичко образование.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started