Првоаприлска шега 2024

Учениците од нашето училиште беа дел од манифестацијата “Првоаприлска шега 2024” во организација на општина Крива Паланка. Во прекрасната атмосфера  дечињата се дружеа, забавуваа и учествуваа во дефилето низ главната улица и плоштадот.

Жири-комисијата имаше исклучително тешка задача да ги одбере најдобрите, бидејќи сите 45 групни маски заслужија пофалби за вложениот труд.

Па така, беа доделени следните признанија:

  • Највесела маска- “Весели пензионери”, 1-4 одделение во ООУ “Св.Ј.Крчовски”, ментор- Биљана Петковска-Антовска;
  • Најнавивачка маска-“Спортуваме се радуваме”  4- 2 одделение, ООУ “Св.Јоаким Крчовски”, наставничка, Елизабета Цоневска;
  • Најоригинална маска -“Воздушни балони “, 1-3 одделение на наставничката Биљана Алексовска, ООУ”Св.Јоаким Крчовски “;
  • Најпролетни – маска “Кралицата на пролетта во животинската разиграна ливада”, 4-1 на наставничката Снежана Ивановска и 2-1 одделение, маска “Облачиња”;
  • Најкреативна маска-“Црнчиња”, 2-2 одделение, наставничка Сузана Ѓоргиевска и
  • Најинвентивна маска”Величествената птица феникс”, 3-3 одделение, наставничка Милица Димитровска.

Повеќе за настанот на следниов ЛИНК

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started