XII Meѓународен натпревар за камерна музика во Кавадарци

На 27 март 2024 година младите талентирани музичари од Крива Паланка учествуваа на XII Meѓународен натпревар за камерна музика во организациjа на ООМБУ ,,Лазо Мицев – Рале” – Кавадарци, под покровителство на Општина Кавадарци и поддржан од Министерството за Култура и Министерството за образование и наука.
Учениците од од нашето училиште ги покажаа своите знаења во две категории, со своите изведби оставија незаборавен впечаток кај жири – комисиjата и се закитија со две први награди.

Во категориjата ,,четирирачно пиjано” Матеј и Меглена Георгиеви од класата на наставник Лариса Жулина-Митовски освоија прва награда (97,2 бодови).

Во категориjата „камерни оркестри“ училишниот оркестар освои прва награда (99 бодови).

Честитки до сите ученици кои освоија први награди на меѓународниот натпревар по камерна музика-КМК!

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started