ОДРЖАНА ОБУКА ЗА НАСТАВНИЦИ ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ „МЛАДИТЕ РАЗМИСЛУВААТ“

Во нашето училиште на 26.02.2024  и  27.02.2024 година се одржа дводневна обука за Медиумска писменост „Младите размислуваат“ како дел од USAID проект на Министерството за образование и наука. Обуката беше реализирана во соработка со Бирото за развој на образованието за одделенски наставници и наставници по македонски јазик.

На обуката присуствуваа 42 наставници од нашето училиште. Наставниците ги споделија своите досегашни искуства и стекнаа нови знаења за медиумската писменост.

На обукита беа презентирани различни сегменти од медиумската писменост кои за учениците се предвидени во наставните програми по мајчин јазик во основното образование. Дел од темите кои се адресираат на обуките за наставници се поврзани со типови медиуми и нивни карактеристики, улогата на медиумите, новинарството и етичките стандарди; предизвици и опасности на социјалните медиуми; пристапи поврзани со проверка и верификација на информации и содржини, како и анализа на содржини и креирање на медиумски продукти.

 Голема благодарност до обучувачите – советник по македонски јазик Сања Димитриевиќ и наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started