Новогодишен концерт во Europe House Крива Паланка

По повод новогодишните празници учениците од нашето училиште го одржаа традиционалниот новогодишен концерт во Europe House Крива Паланка.

На концертот настапија учениците од класата по пијано и училишниот  оркестар.

На програмата беа изведени  дела од Антонио Вивалди, Ј.С.Бах, Хендел, Шопен, Шуберт, Штраус и многу други автори, изведени на пијано. Исто така со своите перформанси се претставија училишниот оркестар.

Концертот  се одржа на 25.12.2023 година во Europe House Крива Паланка, со почетокот во 15 часот.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started