Нови високи награди на Меѓународниот натпревар  „ART IN“ 

На Меѓународниот натпревар за класична музика „ART IN“ учениците од ООУ „Св.Јоаким Крчовски“-Крива Паланка под менторство на професорката  Лариса Жулина-Митовски повторно  освоија високи награди. Натпреварот се одржа во Кавадраци од 26 до 28 мај 2023 година.

Училишниот оркестар доби Меѓународна специјална награда со освоени максимални 100 поени и како најдобар оркестар е поканет на Меѓународниот фестивал со натпреварувачки карактер “All colours of Art”-2023, кој ќе се одржи во Римини, Италија од 26 до 28 октомври 2023 година.

Пијанистот Теодор Смиљков (9 одделение) ја освои II награда со 88,3 поени.

-Наградите се потврда за постигнувањата на моите ученици и поттикнување да продолжат да се стремат кон нови успеси. Тие стануваат стимул за продолжување на работата и за достигнување во своите уметнички желби и амбиции, рече Жулина-Митовски.

Организатори на натпреварот се: Лазо Атанасов – аранжер, композитор, естраден уметник, наставник по виолина во ООМБУ „Лазо Мицев-Рале“ – Кавадарци и д-р Екатерина Михељкис – хорски диригент, професор на „Академија Смилевски“, наставник во ОУ „Ѓорѓи Сугарев“ – Битола.

Честитки за постигнатиот успех на Меѓународниот натпревар по класична музика “ART IN” и голема благодарност за вложениот труд до менторот Лариса Жулина-Митовски!

После натпреварот учениците посетија археолошкиот локалитет Стоби-музеј под отворено небо. Водичот ги запозна нашите љубопитни ученици со древните приказни од локалитетот Стоби.

Голема благодорност за поддршката до родителите на младите музичари и до Општина Крива Паланка за обезбеден превоз до Кавадарци.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started