Наградени ученици на конкурсот посветен на Св.Кирил и Методиј

Со доделување на наградите и дипломите на првонаградените ученици од конкурсот „По вашите стапки чекориме” во Европската куќа Крива Паланка беше одбележан денешниот Ден на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

Конкурсот во организација на библиотеката „Кочо Рацин” на Националната установа Центар за култура Крива Паланка, се одржа во соработка со Сојузот на просветни работници на Северна Македонија, а на истиот пристигнале околу 80-тина творби од основните училишта ширум земјава.

Иницијатори и координатори на Манифестацијата се наставник-ментор Лариса Жулина-Митовски, од ООУ „Јоаким Крчовски“-Крива Паланка и Ирена Белешковска, филолог и поет од литературениот  клуб „Калин“. За избор на најдобрите творби на конкурсот одлучуваше жири комисијата во состав: проф.Лиле Стојановска, проф.Габриела Стојановска и проф.Јулијана Стоименова.

Во првата категорија ученичката од 4 одделение Софија Младеновска го освои 3-место. Ментор: Марина Ристовска.

Во втората категорија ученикот од 7 одделение Александар Сандевски го освои 2-место. Ментор: Ленче Дејановска.

На наградените ученици им беа доделени дипломи и пригодни подароци

Им честитаме на учениците и менторите и им посакуваме секогаш да редат само успеси!

На следниот линк  можете да ја погледнете презентацијата изработена од Дејвид Пешовски Константин Илиевски под менторство на Сања Стевановска Ѓорѓиевска по повод 24 мај – Ден на сесловенските просветители.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started