Први награди на Меѓународeн натпревар

Учениците од нашето училиште кои го изучуваат инструментот пијано под менторство на професорката Лариса Жулина-Митовски ја воодушевија жири- комисијата на престижниот Меѓународен натпревар „Golden piano talents“.

Младите пијанисти Михаил Митовски, Сара Стојановска, Леон Јанковски и Теодор Смиљков со својата виртуозна изведна освоија први награди на овој светски натпревар, кој е еден од најпрестижните и најголемите натпревари по пијано со огромен број на натпреварувачи од повеќе од 50 земји од сите континенти во светот.

„Овие големи постигнувања се доказ дека нашите млади пијанисти успешно се носат со конкуренцијата на светско ниво. Нема поубаво чувство од тоа кога гледате како вашите ученици редат вакви успеси и си го трасираат патот кон успехот. Тоа ме прави особено горда и се повеќе ме мотивира да вложуваме заеднички труд со моите ученици, да ги надминуваме границите и да ја промовираме музиката и младите таленти низ целиот свет“, вели професорката Лариса Жулина-Митовски која исто така доби награда за наставник со одлични педагошки постигнувања на „Golden piano talents competiton“.

Натпреварот привлече пијанисти во сите возрасни категории од Калифорнија, Кина, Австралија, Грузија, САД, Хонг Конг, Малезија, Канада, Тајланд, Индонезија, Сингапур, Тајван, Монголија, Индија, Обединетите Арапски Емирати, Европа и Балканот. Пијанистите се натпреваруваа во повеќе дисциплин: пијано професионална дисциплина за класична музика, камерна музика, популарна музика, концерт со оркестар, ученик – ментор (дуо) и дисциплина за љубители на пијаното.

Победниците со над 98 бодови од секоја категорија ќе бидат поканети да настапат во живо во Штип на GOLDEN PIANO TALENTS FESTIVAL во септември каде што ќе бидат доделени плакети, медали, сертификати, како и парични награди на лауреатот на целиот натпревар и на најуспешниот ментор. Фестивалот ќе се одржи во акустична сала Безистен во Штип.

Leave a comment

Design a site like this with WordPress.com
Get started